фото: скриншот

Десетици илјади луѓе протестираат во Букурешт поради владините економски мерки

Четири романски синдикални конфедерации денеска организираа протест во Букурешт поради владините економски мерки, а демонстрантите побараа и оставка на Владата на Илие Боложан, објави digi24.ro.

Синдикатите бараат зголемување на минималните плата и пензија, почитување на законските и договорните права на вработените, фер оданочување, како и заштита на работните места и инвестициите во економијата за да нема отпуштања на персоналот.

Протестот беше организиран од Конфедерацијата на демократски синдикати на Романија, Националната конфедерација на синдикати „Картел Алфа“, Националната конфедерација на слободни синдикати „Братство“ и Националната конфедерација на синдикати „Меридијан“.

Претходно романскиот Парламент, на предлог на коалициската Влада на премиерот Боложан, усвои два пакета мерки за штедење во обид да го ограничи прекумерниот буџетски дефицит, кој минатата година достигна највисоко ниво во ЕУ од 9,3 проценти. Мерките, кои вклучуваат замрзнување на платите и пензиите во јавниот сектор, наидоа на незадоволство и протести на јавноста.

Според романските медиуми, на четиричасовниот протест учествувале околу 15.000 луѓе од цела земја. Протестот помина без инциденти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот