Десет актери кои со својата добрина и хуманост го одушевија целиот свет

кијану ривс
Кијану Ривс / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Филмските актери на сетот даваат сè од себе со цел успешно да го портретираат ликот што го играат, но поради некои од работите што ги направиле кога камерите не биле вклучени, луѓето им аплаудираат.

Додека некои ѕвезди се познати по своето нерасположливо и чудно однесување, дел од холивудските ѕвезди се познати во своите кругови како вистински добри и големи луѓе.

„Баз фид“ (BuzzFeed) собрал неколку занимливости за нив.

1. Виго Мортенсен купил два коња

Виго Мортенсен толку многу ги засакал двата коњи кои ги јавал додека го снимал филмот „Господарот на прстените“ (The Lord Of The Rings), што ги купил откако завршиле со снимањето. Тој, исто така, го купил и коњот на кој јавала Арвен (Лив Тајлер) и го подарил на нејзината каскадерка, бидејќи „знаел колку ѝ се допаѓа тој коњ“.

2. Робин Вилијамс ги смеел пациентите

Во филмот „Patch Adams“, со Робин Вилијамс во главната улога, биле прикажани и млади пациенти со рак. Во тој филм Вилијамс секогаш насмеан, им помага на болните деца. Пациентката Камерон Брук Стенли, која имала седум години кога се појавила во филмот, опишала како Вилијамс ги смеел децата дури и кога не биле вклучени камерите.

– Тој сакаше да биде нечиј пријател. Сакаше да насмее некого, што е тажно. Тој едноставно беше прекрасен – изјавила таа.

3. Кијану Ривс основал сопствена фондација против ракот

Кијану Ривс основал своја приватна фондација против ракот со цел да финансира детски болници и истражување за рак. Тој донирал 70 отсто од својот хонорар од филмот „Матрикс“ (The Matrix) за истражување на леукемија, па дури и ја негувал својата сестра кога таа била болна од леукемија.

4. Харисон Форд спасувал луѓе со хеликоптер

Харисон Форд бил пилот на хеликоптер за потрага и спасување во округот Тетон, Вајоминг. Тој го користел својот хеликоптер во неколку спасувачки мисии. Еднаш спасил планинар од планината и изгубен извидник во Јелоустоун.

5. Дени Девито се грижел за Мара Вилсон

Актерите Дени Девито и Реа Перлман се грижеле за Мара Вилсон додека го снимале филмот „Матилда“, бидејќи нејзината мајка боледувала од рак на дојка. Девито ѝ однел копија од филмот на мајката на Мара додека била во болница, за да може да го гледа филмот, бидејќи знаел дека не ѝ преостанува уште многу време.

6. Арнолд Шварценегер ѝ помагал на Алиса Милано со домашните задачи

Шварценегер се обидел да ѝ помогне на Алиса Милано со домашните задачи за време на снимањето на филмот „Commando“.

7. Морган Фримен основал непрофитна организација

Фримен и неговата ќерка ја основале „Tallahatchie River Foundation“, непрофитна организација за образование на деца во Мисисипи.

– Тоа е она што морам да го направам – изјавил тој при прифаќањето на наградата за неговата добротворна работа.

8. Гај Фиери помогнал да се соберат 25 милиони долари за работниците во ресторани

На почетокот на пандемијата на коронавирусот, кога работниците во рестораните насекаде останале без работа, Гај Фиери помогнал да се соберат 25 милиони долари за нив.

– Толку многу луѓе работат во оваа индустрија, тука се и самохрани родители студенти, пензионери. Оваа индустрија е многу важна за нашите заедници – зборувал Фиери.

9. Даниел Редклиф му помогнал на Ричард Харис околу текстовите

Во текот на снимањето на првите два филма за Хари Потер, Даниел Редклиф видел дека Ричард Харис (првиот Дамблдор) има проблем со памтење на текстовите, па се преправал дека вежба и го замолил заедно да го поминат текстот.

10. Џереми Ренер ѝ помагал на заедницата

Џереми Ренер има емисија на „Дизни“ наречена „Rennervations“, каде што ги рестарвира старите автобуси и противпожарните возила со цел да помогне во добротворни проекти низ светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот