Денеска се празнуваат светите маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и Аријан

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 декември.

Денеска е Св. маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и Аријан.

Тирс и Левкиј беа родум од Кесарија. Пострадаа за време на император Декиј, во средината на третиот век. Гледајќи го нивното сведочење во текот на измачувањата, еден незнабожечки жрец Калиник, се обрати во верата и пострада заедно со нив. Филимон и Аполониј, пак, пострадаа за време на царувањето на Диоклецијан, во Египет. Уверен во Христовата вера преку нивното сведоштво, заедно со овие двајца пострада за Христа и самиот хегемон Аријан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот