Гласање во затворот „Идризово“ / Фото: Слободан Ѓуриќ / Слободен печат

Денеска ќе се бројат вчерашните гласови на болните, немоќните и на затворениците

Државната изборна комисија соопшти дека гласовите на болните и на немоќните, затворениците и штитениците во домовите за стари лица ќе бидат пребројани денес, по завршувањето на гласањето во вториот круг, а резултатите ќе бидат објавени заедно со оние од редовното гласање.

Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од гласањето ќе се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите по 19 часот, за секое избирачко место и за секоја општина каде што се гласа.

ДИК: Гласањето на болни и затвореници се одвива непречено

Вчера, од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, гласале 3.327 гласачи.

Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица на издржување казна затвор или притвор, гласале 588 од нив, додека во домовите за вонсемејна грижа од вкупно 214 луѓе своето избирачко право го искористиле 125-мина.

ВО ЖИВО | Локални избори во Македонија — втор круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот