Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Денеска е Светски ден на штедењето: Македонските домаќинства во банки и штедилници имаат 5,4 милијарди евра

Македонските домаќинства повеќе сакаат да штедат отколку да се задолжуваат. Во банки и штедилници, нивните вкупни депозити се 5,4 милијарди евра, во согласност со последните податоци заклучно со септември, покажуваат податоците на Народната банка. Наспроти депозитите, кредитите се со помал износ и се 3,7 милијарди евра.

„Во септември, месечната стапка на раст на депозитите на домаќинствата изнесува 0,9 проценти во поголем дел поради зголемените депозитни пари и долгорочните депозити, додека помало е позитивното влијание и на краткорочните депозити. Анализирано на годишно ниво, депозитите на домаќинствата забележаа раст од 6,8 проценти, што главно се должи на зголемувањето на долгорочните депозити и депозитните пари, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари, во услови на остварен пад на краткорочните депозити во странска валута“, соопшти Народната банка.

Податоците покажуваат и дека депозитите на домаќинствата се двојно поголеми од сите пари на корпоративниот сектор што седат на сметките во банките, а чиј износ на крајот од септември бил 2,45 проценти.

Светскиот ден на штедењето е воведен на 31 октомври 1924 година, во текот на Првиот меѓународен конгрес на штедење организиран во Милано, во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот