Денеска е ДЕН НА ПРЕЉУБНИЦИТЕ, а еве кој и како го одбележува!

И додека општата љубовна еуфорија владее кај многумина, повеќе кај младите, има и такви кои не гледаат ништо искрено во овој празник.

Утре е денот на вљубените, светски празник на љубовта, кој кај нас се празнува како Свети Трифун.

Чоколада, подароци во облик на срциња, пораки и какви било други изливи на љубов, на овој ден се разменуваат ширум планетата.

И додека општата љубовна еуфорија владее кај многумина, повеќе кај младите, има и такви кои не гледаат ништо искрено во овој празник.

Како што велат противниците на Денот на вљубените, љубовта не се слави само еден ден, туку 365 дена во годината, а 14 февруари е само прилика да си ги „испразните“ џебовите.

Ден порано, на 13 февруари, во голем број на западни земји се одбележува и еден друг празник, кој, на некој начин, исто така има врска со љубовта.

Станува збор за Денот на прељубниците, односно празникот кој го слават сите кои се во тајни врски со „зафатени“ личности.

Според истражување на компанијата „Seeking arrangement“, најголем светски сатј за запознавање, Денот на љубовниците е ден кога оженетите мажи ги слават оние „други жени“ во совјот живот, на тој начин што ги водат во екстравагантни хотели и на романтични вечери.

Бидејќи нема да можат да бидат со нив за Денот на вљубените (поради тоа што тој ден ќе го поминат со сопругата или девојката), вака на некој начин им „изјавуваат љубов“ и на ним, односно им даваат до знаење дека и тие имаат посебно место во нивниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот