Дендиас леташе над Егејското море со воен авион Ф-16

Фото: Министерство за одбрана на Грција

Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас денеска учествуваше во лет на воениот авион Ф-16 Viper на грчкото воено воздухопловство, прелетувајќи го југоисточниот и централниот дел на Егејското Море.

Дендиас е во посета на воената база Суда на островот Крит и истакна дека конкретната област е од „огромна стратешка важност, како што е од стратешко значење и улогата на Грција во поширокиот регион“.

-Предмалку имав единствена можност да летам со Ф-16 и тоа со Ф-16 Viper – најмодерната верзија и да ги разберам исклучително тешките услови под кои припадниците на военото воздухопловство ја вршат нивната работа, нивната обврска кон татковината, порача министерот за одбрана на Грција.

Истакна дека земјата „продолжува со напорите за зајакнување и модернизација на воздухопловните сили“, а по авионите Рафал и Ф-16, потсети дека сега се во тек разговорите за набавка на Ф-35.

-Во рамките на „Агендата 2030“, исто така се обидуваме да ја регенерираме, да ја рекреираме нашата одбранбена индустрија и да создадеме нов иновациски систем, кој ќе ни даде можност сами да произведуваме системи за оружје, искористувајќи ги капацитетите и човечкиот капитал на нашата земја, рече Дендиас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот