Демонстрант од Хонгконг осуден според Законот за национална безбедност

Продемократски демонстрант денеска е осуден на девет години затвор, што е прва пресуда според законот за национална безбедност во Хонгконг, со кој Пекинг ја зајакнува контролата над таа територија.

Тонг Линг-кит беше осуден за тероризам и поттикнување сецесија, бидејќи со мотор налета на припадници на полициските сили за време на протестите на 1 јули 2020 година.

Тој носеше знаме со слоганот „Да го ослободиме Хонгконг, револуцијата на нашето време”, кое е забрането како сецесионистичко.

Минатата година, владејачката Комунистичка партија на Кина воведе закон за национална безбедност на поранешната британска колонија, по антивладините протести кои избија кон средината на 2019 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот