Демократската партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот: Само 5.484 повеќе сме за 19 години

Фото: Влада на Република Северна Македонија

Демократската партија на Турците денеска објавените резултати од Пописот на населението, што се одржа во периодот од 5 до 30 Септември 2021 година, од страна Државниот завод за статистика, не ги прифаќа.

-Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ” . Како Демократска Партија на Турците (ТДП)предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција  врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагањеДенес објавените резултати се плод на  целосна недоследност и политичка операција, соопштија од партијата.

Од таму тврдат дека иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од  7% на последниот попис според  Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нив.

-Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ. Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од  19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна. Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според оваво податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица, реагираат од ДПТ.

Партијата нагласува дека „ова е далеку од вистината и не се совпаѓа со реалноста“.

-Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети  фрла сенка врз целокупниот процес.  Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци. Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција, реагира Демократската партија на Турците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот