Демократите и официјално го номинираа Џо Бајден за претседателски кандидат

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Olivier DOULIERY / AFP / Profimedia

На вториот ден од националната конвенција на Демократската партија Џо Бајден и официјално беше номиниран за претседателски кандидат за изборите во ноември, кој за влез во Белата куќа ќе се трка со актуелниот американски претседател Доналд Трамп, јави ДПА.

Џо Бајден / Фото: EPA-EFE/USA BIDEN HARRIS HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

За Џо Бајден, поранешен сенатор и потпретседател на земјата, номинацијата доаѓа по повеќе од три децении откако првпат се обиде да стане претседател.

Џо Бајден и Камала Харис / Фото: Твитер @joebiden

Билетот за влез во Белата куќа Бајден ќе го сподели со Камала Харис (55), сенаторка од Калифорнија и првата црна жена која се кандидира за потпретседател.

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

– Многу ви благодарам. Од дното на моето срце. Ви благодарам на сите, тоа значи целиот свет за мене и за моето семејство, рече 77-годишниот политичар преку видео-врска по завршувањето на пребројувањето на делегатите.

-Чест ми е да ја прифатам номинацијата на Демократската партија за претседател на САД- напиша Бајден на Твитер.

Својот официјален говор за прифаќање на номинацијата Бајден ќе го оддржи утре, на последниот ден од четиридневната главно онлајн демократската национална конвенција.

Вториот ден од конвенцијата, инаку, продолжи со темата од првиот, нагласувајќи ги пораките за прифаќање на различностите, вклучително и презентирање на широк спектар на етникуми, раси и сексуални идентитети кои ја поддржуваат партијата, додаде ДПА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот