Дел од Словенија сѐ уште во „црвена фаза“ поради силната бура

Рано утрово на патот Дравоград-Марибор едно лице го изгуби животот, откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Вечерва без струја се над 340 домаќинства во околината на Цеље. Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.

Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија сѐ уште ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на денот дуваше во земјата. Половина држава се уште е во „црвена фаза“ за опасност од екстремно силен ветер, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Рано утрово на патот Дравоград-Марибор едно лице го изгуби животот, откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Вечерва без струја се над 340 домаќинства во околината на Цеље. Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.

Во Општината Преболд ветерот откорна 230 години стара липа, која падна врз куќа и ја оштетила. Проблеми со откорнати дрва и сообраќајни знаци има во Штаерската и Корошката област.

Агенцијата за животна средина (АРСО) објави дека во некои делови на Словенија денеска е измерен ветер со брзина и над 100 километри на час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот