Дел од хрватските трговци работеа и на државен празник, прометот ќе ги покрие евентуалните казни

Црес, Хрватска / EPA-EFE/ANTONIO BAT

Оваа сабота, среде туристичка сезона, дел од продавниците и трговските центри не смееја да работат, поради Денот на победата и патриотската благодарност.

Според новиот Закон за трговија со кој се забранува работа во недела, на продавниците сега им е забрането да работат и за празници. И додека трговците имаат можност да имаат 16 работни дена околу недела, речиси на сите не им е дозволено да работат на празници. Забраната за работа на дуќаните на празници важи и за пекарниците и маркетите. Дозволено е да работат само продавници лоцирани на железнички и автобуски станици, аеродроми и поморски пристаништа, фериботи и авиони, како и оние на бензински пумпи, болници, хотели, културни и верски институции, наутички пристаништа, кампови…

Сепак, дел од трговците решија да не ја почитуваат одлуката, бидејќи можните казни се помали од можниот промет во средина на сезоната. Пропишаните глоби за правни лица се од 660 до 39.810 евра, а за одговорните лица во правните лица глобите се од 530 до 9.290 евра. За занаетчиите казната е од 530 до 13.170 евра.

-Ова е срцето на сезоната, требаше да се очекува дека одредени трговци ќе работат“, велат дел од нив. Новинарите на Индекс.хр. разговарале со претставници од трговција од кои добиле сознание дека во туристичка сезона еден голем супермаркет може да оствари 200.000 евра промет дневно. За помалите дуќани тоа е секако помали суми, но минимумот е неколку десетици илјади евра.

-Ова ќе биде првиот празник по промената на законот“, истакнаа од Здружението „Глас на претприемачите“, кои заедно со 15 ситни трговци поднесоа предлог до Уставниот суд за оценување на усогласеноста на Законот за трговија со Уставот и сметаат дека тој ќе биде укинат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот