Дејвис: Вардар нема план А и план Б, единствена цел е победа над Е. Пелистер

дејвис
Тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис/Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Викендов во СЦ „Јане Сандански“ (сабота, 17 часот) ќе се игра големото ракометно дерби помеѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер кое ќе биде клучно во битката за титулата.

Се очекува шампионот во македонската Суперлига да биде одлучен во директните дуели помеѓу двете најдобри екипи во моментов, а во „црвено-црниот“ табор велат дека ќе одат натпревар по натпревар и токму така ќе му пристапат на дербито.

– Не мислам дека овој натпревар ќе го одлучи шампионот во Суперлигата, затоа што има и други екипи и уште многу натпревари. Се однесуваме со респект како и против сите други. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но играме дома и ќе одиме на победа, како и секогаш. Ова е натпревар кој го очекува цела јавност, ќе има полна сала се надевам и мислам дека со посветеност, со борба ќе ги израдуваме нашите навивачи – вели крилото на Вардар, Тимур Дибиров.

Тренерот на Вардар, Давид Дејвис најавува дека неговите ракометари ќе одат на победа.

 – Немаме план А или Б. Одиме 100% против Е.Пелистер, нашиот план е да ги победиме. Не чека тежок натпревар, но играме на домашен терен. Победникот од оваа средба нема да реши се, но ќе направи голем исчекор кон титулата. Овој меч ќе биде убав за македонскиот ракометар, се надевам дека ќе уживаат сите – вели Дејвис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот