Дејан Ловрен повеќе нема да игра за Хрватска

Фото: EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Хрватскиот фудбалер Дејан Ловрен се прости од репрезентативениот дрес.

Својата одлука Ловрен ја објави на својот Инстаграм порака и од дресот на „коцкестите“ се прости со емотивна порака.

„Драга репрезентацијо, драги верни навивачи, би сакал да би се обратам со некои баш и не среќни вести, но верувајте ми дека одлуката ја донесов после многу размислување. Навистина ми е тешко што го пишувам ова, се трудам да не заплачам, но добро ме познавате каков човек сум со срце и емоции. Дојде денот кога морам да се простам од хрватската репрезентација, иако себе и понатаму се доживувам како голем навивач кој секогаш ќе навива за репрезентацијата“

„Од дете сонував дека ќе играм на големи турнири во тој прекрасен дрес. Првпат го облеков кога имав девет години и никогаш нема да го заборавам тој посебен момент – како да ја облеков наметката на Супермермен, едноставн онешто што не може да се опише. Засекогаш ќе го паметем 8-ми октомври 2009 година кога официјално дебитирав за мојата татковина“, стои во дел од обраќањето на Ловрен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dejan Lovren (@dejanlovren06)

Дресот на Хрватска Ловрен го носеше на 78 натпревари, постигна пет голови и со Хрватска освои сребро на Мундијалот во Русија во 2018 година и бронза во Катар што секако е голем успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот