Децата од Дељадровци добија ново игралиште

Фото: Општина Илинден

Ново детско игралиште е пуштено во употреба во Дељадровци во општина Илинден. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, како и клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.

Новото детско игралиште се наоѓа во рамки на новоизградениот парк кој веќе извесен период го користат жителите од ова населено место, за дружење и рекреација, такашто и сега новоизграденото детско игралиште ќе биде одлично надополнување на целиот простор, а децата од Дељадровци добија ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава. Во наредниот период просторот ќе биде партерно уреден со павер елементи, информираат од Општина Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот