4.2 C
Скопје

Дебар доби новогодишен лик

По повод престојните новогодшни празници Дебар доби новогодишен лик. Во центарот на градот е поставена голема елка, а светилки и други украси има и во градскиот парк.

– Среќна Нова 2020 година,со надеж за многу повеќе љубов, мир, верба , хуманост и благосотојба, посака градоначалникот Хекуран Дука.

Додаде дека цел како локална самоуправа била градот да добие новогодишен амбиент, да се почувствува новогодишна атмосфера, како и во другите градови во светот.

Во новогодишна атмосфеара пулсира и Ростуше, административниот центар на општина Маврово Ростуше,каде со светилки е украсен центарот на Ростуше.

Како и во Дебар и во Ростуше убаво украсени се и витрините на трговските, угостителските и другите објекти, многу дворови и балкони, а новогодишната елка е составен дел од секој дом.

Прочитајте и...  Несоодветна комора ладилник е причина се уште да не функционира капелата во Тетово

Освен украсувањето, предновогодишната атмосфера почна да ја надополнува и зголемената фрекфенција на луѓе и возила, бидејќи многу печалбари од западноевропските земји, пред се од Италија,Германија и Швајцарија, по традиција, веќе почнаа да пристигнуваат во родниот крај.

Новогодишни програми,каде преовладуваат песнички за новата година и Дедо Мраз, подготвуваат најмладите и нивните воспитувачки од детската градинка „Брешија”,со кои ќе настапат пред родителите и други граѓани, последните денови од оваа година.

Поврзани вести

Уапсен шеф на нарко мафија што годишно заработувал над 70 милијарди долари

Слободен печат

Ѓоргиев: Придавката „македонски” останува во записниците на Мешовитата комисија

Слободен печат

ВИДЕО: Медицински персонал во ковид центар прави забава со оро и песни

Слободен печат

Србија четврта во Европа и деветта во светот по стапката на вакцинација

Џо Бајден во зимата на закани и можности

Едвард Лус/Financial Times

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Цела болница во карантин поради британскиот тип на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар