Фото: EPA/BAS CZERWINSKI

Де Минор ја освои титулата на турнирот во Ротердам

Австралискиот тенисер Алекс де Минор денеска ја освои титулата на турнирот во Ротердам, Холандија, откако го победи шестиот играч во светот, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, во финалето по два сета, со 6:3, 6:2.

Осмиот тенисер во светот победи по 77 минути игра и дојде до 11 АТП трофеј во својата кариера.

Де Минор направи брејк во шестиот гем од првиот сет, ја задржа предноста и поведе во мечот.

Во вториот сет, Австралиецот и двапати запиша брејк на сервис на противникот и по првата меч-поен ја освои својата прва титула во Ротердам.

Оже-Алијасим ја прекина својата серија од осум победи и остана на девет титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот