Де Јонг ја одби понудата на Јунајтед

Френки де Јонг и следната сезона сака да игра за Барселона/фото: EPA-EFE/TONI ALBIR

Холандскиот репзентативец Френки де Јонг одби да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед, пренесува шпански „Спорт“.

Новиот менаџер на Јунајтед, Ерик тен Хаг инсистирал на доаѓањето на Де Јонг во клубот, но каталонските медиуми медиуми пренесуваат дека Холанѓанецот решил да остане во Барселона.

Откако доби уште една корпа од Де Јонг, Манчестер јунајтед ќе се обиде што побрзо да ги заврши трансферите на Лисандро Мартинез од Ајакс, фудалерот на ПСЖ, Леандро Паредес и членот на Милан, Фикајо Томори.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека Ајакс ја одбил првата понуда на Манчестер Јунајтед тешка 50 милиони евра за Лисандро Мартинез, но се очекува преговорите да продолжат. Ајакс бара уште најмалку 10 милиони евра за Мартинез кој од 2019 година е член на холандскиот тим.

Фикај Томори минатата година пристигна во Милан, а претходно играше за Челси, Брајтон, Хал и Дерби.

„Црвените ѓаволи“ ќе се обидат наредната недела да се договорат со ПСЖ и за трансферот на Леандро Паредес. Францускиот тим за да го пушти Паредес бара најмалку 35 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот