Давитковски: Кога се во опозиција бараат дебата, a на власт носат закони по скратена постапка

„Секоја власт кога е во опозиција инсистира на јавна расправа по сите закони, особено по системските закони кои регулираат многу важни прашања за државата. Но, кога ќе се дојде на власт, се продолжуваа онаа практика на скратена постапка, со европско знаменце, да се дезавиура стручната јавност, невладиниот сектор, колку само да се протуркаат некои законски решенија“, рече Борче Давитковски, универзитетски професор, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Иако актуелниот состав работи по нов Деловник, филибастерот е многу скратен, сепак се носат закони по скратена постапка, што очигледно ќе биде на штета на тие закони“, вели Давитковски.

Кога се прави нова композицијата на администрацијата, продолжи Давитковски, некои сектори вештачки се префрлуваат од едно во друго министерство, луѓето остануваат, а надлежностите не се разграничија. Како примери ги наведе секторот надворешна трговија која влезе во министерството за надворешни работи и култура и туризам.

„Македонија одамна има потреба од функционална анализа за разграничување на надлежностите меѓу министерствата, бидејќи има доста поклопување. Одредени министерства имаат исти надлежности, имаат и слични органи или исти, а егзистираат. Ако некој сака да направи вистинска реформа на јавната администрација, ако се има политичка волја, тогаш ќе видиме, врз основа на овие принципи колку министерства ни требаат и колку кадар во тие министерства ќе ни треба. Ние цело време прошируваме, а не разграничуваме. На пример, на квалитетна вода се надлежни пет министрерства во моментот во Македонија. Потребна е политичка волја за реформа и да направиме мала, стручна администрација за каква се залагаме во сите стратегии“, рече Давитковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот