Давидовиќ: „Рекет“ служи за добивање политички поени во предизборието, пресуди кои не се базираат на докази (ВИДЕО)

Фото: Youtube принтскрин /Слободна ТВ

Случајот „Рекет“ ќе служи и почнува да служи за добивање на политички поени во предизборието. Судијката вчера се обиде да каже дека со оваа пресуда довербата на луѓето во судството ќе се врати. Но јас не сметам така. Ако погледнете во текот на постапката немавме докази каде се парите. Жално е што имаме пресуди кои не се базираат на докази изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ адвокатот Звонко Давидовиќ.

– Вакви пресуди е жално што постојат. Ако немате милион и пол евра за кои ги обвинувате дека го рекетирале оштетениот и немате 50.000 евра за специјалниот јавен обвинител кој ги зел, многу тешко ќе докажете дека ова дело за кое се обвинети опстојува. Вие тврдите дека некој тргувал со своето влијание, другиот ја злоупотребил службената положба за да направи нешто и да олесни некому кој дал пари за да го купи тоа. Притоа го немате тој кој што ги дал парите и побарал таква услуга, ги немате парите, нешто што порано се викаше давање на мито, го немате ниту во постапка како обвинет, нешто што мора да го санкционирате и казните, вели Давидовиќ.

Недостатоци во судскиот процес.

-Ако тврдиме дека Јанева со злоупотреба на својата службена положба дала предлози за укинување на притвор итн, како да забораваме дека сите тие нејзини барања резултирале со судска одлука. Законот забранува пресудата да биде базирана само на еден сведок, исказ на заштитен сведок, врз основа на полиграф. Дури и врз основа на признание на обвинетитот. Мора да имате материјални докази тоа да го покрепите. Сведокот кој беше и обвинет во оваа постапка никогаш не се појави и не беше дозволено вкрстено да се испраша, вели Давидовиќ за пресудата во случајот „Рекет“.

Проследете го целиот разговор на Сашо Орданоски со адвокатот Ѕвонко Давидовиќ:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот