Дарио - Фото: Промо

Дарио со нова моќна балада: „Ковчег со злато“ е песна за вистинската среќа во животот

Уште една песна со убава порака, напиша и сними кантавторот Дарио. „Ковчег со злато“ е неговата нова балада за која рече дека е посветена на вистинските човечки вредности и вистинската среќа. Дарио е автор на музиката и текстот, а Кристијан Габровски, неговиот постојан соработник, го направи аранжманот. Режисер на спотот е Александар Ристовски-Принц.

– Не е среќа ковчег со злато кој нема ништо да значи, кога ќе дојдеш на крајот од патот. Среќа е да остариш мирно крај тој што те сака, заедно рака за рака, исто ’ко некогаш така – пее Дарио во новата балада за која Принц направи спот кој одговара на приказната за песната.

 

Дарио – Фото: Промо

– Оваа песна е најава за мојот нов албум кој наскоро треба да излезе. Со голема љубов и мерак се напишани и снимени сите песни од албумот. Се радувам дека наскоро ќе излезе – вели Дарио.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот