Данска уште најмалку три седмици нема да вакцинира со АстраЗенека

Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Данска донесе одлука да ја продолжи за три седмици суспензијата на вакцинацијата со АстраЗенека, со цел да почека да заврши својата истрага за можна поврзаност на вакцината со згрутчување на крвта, јави локалната телевизија ТВ2.

Пред две недели, Данска беше една од првите европски земји која привремено ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека откако беа пријавени мал број ретки видови на згрутчување на крвта, кои беа пријавени во Данска, но и во други земји.

Повеќето европски земји кои претходно ја прекинаа вакцинацијата со АстраЗенека ја продолжија вакцинацијата со оваа вакцина откако Европската агенција за лекови (ЕМА) спроведе истрага и соопшти дека таа е ефикасна и безбедна. Светската здравствена организација (СЗО) исто така препорача да се продолжи со вакцините на АстраЗенека.

И ЕМА и СЗО минатата недела соопштија дека придобивките од имунизацијата со вакцина на АстраЗенека ги надминуваат потенцијалните ризици.

Данската Влада утрово го извести Парламентот за продолжување на прекинот на имунизацијата со оваа вакцина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот