Данска го забрани одгледувањето визони до крајот на 2021 година
Данскиот Парламент синоќа ја усвои забраната за одгледување визони до крајот на 2021 година, во обид да се спречи пренесувањето на коронавирусот од животни врз луѓе.
Препорачано
“Данските одгледувачи на визони ја жртвуваа својата работа за општото добро. Ние им должиме голема благодарност”, напиша на Твитер министерот за храна, земјоделство и риболов, Расмус Прен, вчера веднаш по усвојувањето на одлуката.
Данска убива 17 милиони куни поради страв од мутирање на коронавирусот!
Министерот Прен изрази задоволство од усвојувањето на законот, нагласувајќи дека тој содржи јасни одредби за можна компензација на одгледувачите.
Водечките опозициски партии, централно-десните либерали и популистичката Данска народна партија гласаа против.
Данска од ноември досега убиено 17 милиони визони, откако беше идентификувана првата мутирана трансмисија на коронавирус од животни врз луѓе.
Владата потоа призна дека немала правен основа за ваквата мерка, како и за привремената забрана за размножување, што требаше да се регулира со посебен закон.
Одлуката да се убијат визоните беше донесена откако се откри дека еден од петте типа на коронавирус поврзан со визоните ја ослабува способноста на луѓето да создаваат антитела, што може да ја загрози ефикасноста на вакцината.
Данска е еден од водечките светски производители на крзно од визон.
Извор.МИА


