Данијела Мартиновиќ за новата љубов: Немам ништо против да се омажам за Јосип
На Данијела Мартиновиќ (51), која важи за една од најсаканите хрватски пејачки во регионот, навистина ѝ „цветаат рози“ на љубовно поле во последните неколку месеци.
Препорачано
Имено, таа е во романтична врска со инспекторот Јосип Плавиќ (49), а нивната љубов е една од најактуелните теми во хрватските естрадни медиуми.
„Јас и Јосип сме повеќе од убав пар. Но, не би сакала многу да зборувам за мојот приватен живот. Како и да е, јас сум исклучително среќна. Јосип е моето пристаниште“, изјави пејачката за „24 сата“.
Мартиновиќ кратко време беше во брак со пејачот Марко Перковиќ, па влезе во долгогодишна врска со пејачот Петар Грашо. За „24 сата“, таа откри дека нема ништо против идејата да стапи во брак со нејзиниот актуелен партнер.
„Зборувам од сопствена гледна точка. Какво било предвидување или отпор кон животот, тоа би било смешно бидејќи животот е чудесен. Му се фрлив на животот како скок со параглајдер. Отворена сум за сите опции“, објасни пејачката.
Како потсетување, Мартиновиќ се запознала со Плавиќ кога нејзиниот адвокат пред околу една година преку интернет поднел пријава за кражба на идентитет. Полицијата брзо го решила случајот, а пејачката и инспекторот продолжиле да се дружат.
Покрај тоа што е инспектор, Јосип е и музичар. Тој е пејач и гитарист на рок бендот „Изван Закона“.


