На прашањето дали ќе се мажи за Јосип, еве што одговори Данијела Мартиновиќ
Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ не крие колку е среќна откако е во врска со Јосип Плавиќ.
Препорачано
„Би посакала секоја жена да се чувствува како што се чувствувам јас, а потоа и секој маж. Едноставно да знаете дека сте пристигнале и дека сè е во апсолутно совршен мир и некој вид спокојство, а потоа сè работи само по себе“, изјавила 53-годишната пејачка за магазинот „ИН“.
Таа одговорила и на прашањето дали таа и Јосип ќе се венчаат.
„Па, некако никогаш не сум била поддржувач на тие правила, а сепак од друга страна сум човек на моментот и ако ни се случи во моментот, дефинитивно ќе го сторам тоа. Значи, така го живеам животот, без грандиозни планови, сега ќе го направам ова, сега ќе го подготвам тоа, ако навистина го чувствувам тоа во моментот, ќе речам, ајде брат, ајде да одиме и тоа е тоа“, рекла Мартиновиќ.
Јосип е голем поддржувач на Данијела. Тој на почетокот на годината ѝ се врати на музиката. Имено, Јосип ја напуштил полицијата и повторно го обединил стариот бенд „Изван закона“. По 16 години повторно снимаат нови песни. Во февруари ја објавија првата од нив, баладата „На киши плешем“.
Ова е прва јавна врска на Данијела Мартиновиќ откако во 2021 година ја прекина 24-годишната врска со Петар Грашо.


