Вијаграта нов лек за Алцхајмерова болест?

Фото: Ccnull

Нова студија обезбеди повеќе докази дека силденафил (вијагра), кој се користи за лекување на еректилна дисфункција (ЕД), може да помогне во заштитата од Алцхајмерова болест (АД).

Големата анализа на податоците за пациенти од две бази на податоци покажа дека преваленцата на Алцхајмерова болест е намалена за 30-54 отсто кај пациентите кои земале силденафил (вијагра), во споредба со оние кои не земале, пренесува „Медскејп“ (Medscape).

Оваа забележување е дополнително поддржано од механички студии кои покажуваат намалено ниво на невротоксични протеини во мозочните клетки изложени на овој лек кој, во принцип, ги шири крвните садови (инхибитор на фосфодиестераза тип 5).

– Нашите наоди даваат дополнителна тежина на пренамената на овој постоечки лек одобрен од ФДА да биде нов третман за Алцхајмеровата болест, на која многу ѝ се потребни нови терапии. Користевме вештачка интелигенција за да интегрираме податоци во повеќе домени, од кои сите укажаа на потенцијалот на силденафил против оваа разорна невролошка болест – рекол д-р Феикионг Ченг, директор на Центарот за геном на клиниката Кливленд, кој го водел истражувањето.

Студијата беше објавена онлајн на 1 март 2024 година, во „Журнал за Алцхајмерова болест“.

Користејќи ги податоците за пациентите од базата на податоци за дополнителната база на МеркетСкен Медикер (2012-2017) и базата на податоци Клинформатикс (2007-2020), истражувачите спровеле анализи на резултатите по прилагодувањето на полот, возраста, расата и коморбидитетите.

Тие ги барале сите поединци со потреба од силденафил или четири споредни лекови – буметанид, фуросемид, спиронолактон и нифедипин. Резултатите покажале дека употребата на силденафил била поврзана со намалена веројатност за Алцхајмерова болест во однос со контролните лекови.

На пример, употребата на силденафил била поврзана со 54 отсто намалената зачестеност на Алцхајмерова болест во МаркетСкен и 30 отсто намалениот вкупен број на пациенти со Алцхајмерова болест во Клинформатикс.

Наодите ја поддржуваат студијата објавена претходно оваа година, која откри потенцијален заштитен ефект на третманот со силденафил врз ризикот од Алцхајмерова болест.

Меѓутоа, ова истражување и сегашната студија се во спротивност со другиот труд објавен во списанието „Брејн комуникејшнс“ кон крајот на 2022 година, кој не покажа таква врска помеѓу лековите за еректилна дисфункција и намалениот ризик од Алцхајмерова болест.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот