Дали увозот на украинска пченица е безбеден за здравјето?

Пченица / Фото EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Големиот увоз на украинско жито ги загрижи и хрватските земјоделци: откупната цена на досега складираното жито е ниска, а се предвидува следната реколта да се продава по цени кои пазарот безмилосно ги намалува поради вишокот на понуда. За состојбите во хрватското земјоделство и увозот на украинска пченица во Нови Дан зборуваше Мато Брлошиќ од Хрватската земјоделска комора, пренесува Н1 Хрватска.

Брлошиќ вели дека ваквиот увоз на жито ги загрижи хрватските земјоделци уште минатата година, кога Европската комисија донесе одлука дека пченицата без царина може да се транспортира низ Европа.

Тој посочува дека, за жал, не се зборува доволно за тоа дека Хрватска е многу погодена во овој поглед. Полска и Унгарија го забранија таквиот увоз на украинска пченица, иако тоа не можат да го сторат според правилата на ЕУ, и иако Брисел е цврсто против овој вид мерки.

Брлошиќ, додава дека ЕК треба да реагира и нагласува дека треба да се запраша дали украинската пченица е квалитетна за здравјето на нашите потрошувачи имајќи предвид дека таа не мора да ги применува правилата на ЕУ за пестициди.

Тој смета и дека Европската комисија треба да ја покрие разликата во цената, доколку се утврди дека оваа пченица е добра за здравјето. Тој нагласува дека Украина не е членка на Европската унија и дека постојат царини кои треба да ги изедначат цените на производителите меѓу земјите.

На прашањето како е можно да сме голем увозник на пекарски полупроизводи, млеко и месо, а во исто време да сме извозник на пченица и маслодајни семиња, Брлошиќ вели дека тоа е апсурдно. Тој вели и дека Хрватска увезува многу брашно по многу ниски цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот