Дали сте екстроверт или интроверт? Неверојатна оптичка илузија открива каква е вашата личност
Велат дека сликата вреди илјада зборови, но што ако таа може да ви каже и каква личност имате? Како што нашиот говор на телото и изразите на лицето можат „гласно“ да покажат дали лажеме, дали сме нервозни или среќни, дали една едноставна слика може да го стори истото?
Препорачано
Се разбира, оптичките илузии и нивните интерпретации треба да се земат со резерва и тука не се занимаваме со конкретни научни докази, но може да биде многу забавно да се открие дали одредени карактеристики на вашата личност можат да се откријат благодарение на вашата перцепција за илустрација, пишува „Мирор“.
Погледнете внимателно на илустрацијата подолу. Не размислувајте премногу, само гласно кажете го прво што ќе видите.
Некои веднаш го забележуваат дрвото покриено со снег, додека други веднаш го забележуваат лицето на лавот.
Тиктокерата и студентка од Стенфорд, Миа Џилин, која собра неверојатни 443.000 следбеници на интернет благодарение на нејзината интерпретација на оптичките илузии, вели дека оние кои прво ќе го забележат дрвото на почетокот се ладни кон другите кога ќе ги сретнат, но штом ќе станат пријатели тие се многу „забавни“ и „добри пријатели“. Кога станува збор за љубовта, тие не се тип што го „бркаат“ другиот и имаат тенденција да чекаат другиот да го направи првиот потег. Дали тоа звучи како тебе?
– Ќе им го дадете најдоброто од себе и ќе се борите за нив без разлика што мислат луѓето – вели Миа и додава: – Бидејќи сте многу затворена личност, луѓето постојано се љубопитни за вашиот живот, што ве прави уште попривлечни и поинтересни.
А, ако прво го забележавте лавот, Миа предвидува дека сте отворена личност и дека сакате да бидете социјални. Сепак, често ќе избегнувате конфликти и ќе дозволите другите да владеат наместо да се впуштате во расправија или жестока дебата.
– Многу луѓе сакаат да бидат ваши пријатели. Многу сте издржливи и никогаш нема да дозволите ништо да ве уништи – тврди Миа, додавајќи дека сте тип на личност која постојано сонува за својот идеален живот и си поставува амбициозни цели.
Поради тоа колку сте интелигентни и вредни, знаете дека вашите соништата дефинитивно ќе се остварат. Сè на сè, вие сте многу моќна личност.


