Дали ова е најглупавата казна во историјата? Возач се најде на удар на бизарна полициска одлука
Ако го вклучите греењето на седиштата преку екранот на допир додека возите, би можеле да платите казна до 200 евра, а во некои случаи да ја изгубите возачката дозвола за еден месец. Греењето на седиштата е спас за многу луѓе во студените денови, но неговата невнимателна употреба може да има скапи последици- пишува Бизпортал.
Препорачано
Во Германија, според сообраќајниот закон, забрането е користење на електронски уреди додека возите на начин што го одвлекува вниманието и ја загрозува безбедноста во сообраќајот. Ова важи и за греењето на седиштата ако се управува преку екран на допир или слични контроли. Возачот беше казнет со 200 евра и му беше забрането да вози поради користење на екран на допир. Вишиот регионален суд во Карлсруе ја потврди казната од 200 евра и едномесечната забрана за возење за возач кој се обидел да ги активира бришачите преку екран на допир додека возел.
Како резултат на тоа, тој ја изгубил контролата врз возилото и излетал од патот. Судот пресуди дека користењето на екран на допир додека вози е исто толку одвлекувачко како и користењето мобилен телефон, пишува списанието Phoenix.
Експертите советуваат да ги поставите сите функции што вклучуваат употреба на екрани или електроника, вклучително и грејачи на седишта, пред да започнете со возење. На овој начин, го избегнувате ризикот од казна и обезбедувате поголема безбедност при возењето


