Дали ова е местенка на годината, погледнете како изгледаше натпреварот од австриската втора лига (ВИДЕО)

Фудбалска Европа зборува за сомнителното последно коло од австриската прва лига.

Последното коло од австрлиската втора лига донесе многу голови, толку многу што сериозно се раѓаат сомнежи за местенки на одлучувачкиот натпревар.

Екипите на Рид и Клагенфурт беа лидери на табелата со ист број на бодови во пресрет на последното коло, со тоа што Рид имаше подобра гол разлика за само еден гол, а една екипа влегува во австриската Бундеслига.
Клагенфурт победи со 6:1, но сомнежите се за натпреварот на Рид кој славеше со дури 9:0.

Веќе во првите 20. минути Рид водеше со 4:0 против Флоридсдорфер, а головите паѓаа како на филмска лента поради што се најавени жалби.
„Свесни сме дека разочаравме многумина. Сакаме да се извиниме поради непрофесионалната игра на нашиот тим. Сепак, ги отфрламе обвинувањата кои кружат дека натпреварот е наместен. Во наредните неколку денови ќе ги анализираме натпреварот“, стои во соопштението на Флоридсдорфер.

Тренерот на Клагенфурт, Роберт Михе се пожали дека Флорисдорфер пуштил дури пет фудбалери на одмор.
– Ние само што ќе постигнеме гол, веднаш постигнуваше и Рид – многу интересно – изјави Михе.
Дали фудбалерите на Флоридсдорфер намерно му пуштија на Рид или домашниот тим беше предобар, проценете сами.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот