Дали обвинителката Ристоска ќе биде изземена од предметите во кои е замрзната Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ?
Републичкото јавно обвинителство треба да заземе правен став дали обвинителката Ленче Ристоска ќе биде изземена од предметите во кои се гони владејачката ВМРО-ДПМНЕ и во кои е замрзната Белата палата и другиот имот на партијата.
Препорачано
Ова следува откако на денешното рочиште за “Талир 1″ова изземање по трет пат побараа обвинетите, но и Ристоска и самата побарала став од Републичкото обвинителство со оглед на тоа што таа има поднесено тужба против партијата по навредите и нападите кон нејзе.
Ристоска смета дека постапува објективно и не треба да биде изземена, но сепак се обратила до Републичкото обвинителство. Објаснува дека тоа што е оставена сама да се бори за заштита на професионалниот углед доведува до парадоксална ситуација.
-Доколку јавен обвинител, кој е предмет на напади од обвинети лица и континуирано се напаѓа неговиот професионален интегритет, не биде заштитен од страна на институциите кои се надлежни за такво нешто, тој е принуден самиот да се бори за заштита на својот углед и професионален интегритет и тоа нè доведува до една парадоксална ситуација, хипотетички тоа да биде основ за изземање на обвинителот и на таков начин обвинетите да ја исполнат целта, а тоа е обвинителот кој постапува во нивните предмети повеќе да не постапува – вели Ристоска.
Став од Обвинителството се уште не добила па се одложи и шестиот старт на „Талир 1“ се одложи по шести пат.
Минатото рочиште се одложи бидејќи обвинителката достави коригирано обвинение со оглед на тоа што последно и за обвинетите Кирил Божиновски и Никола Груевски застаре кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ што е предикатно односно произлегува од основното кривично дело „перење пари“ за кое се гонат сите обвинети. Но, Ристоска тогаш беше децидна дека за делото „перење пари“ застареноста настапува дури до 2035 година.
Ристоска против ВМРО-ДПМНЕ која ја обвинуваше за земање бонуси и ја нарекуваше „пропадната ѕвезда на СЈО“ поднесе тужба за клевета, а премиерот го пријави во Советот на јавни обвинители.
Во меѓувреме во тек е огласот за избор на нов јавен обвинител на местото на Љупчо Коцевски, кој си даде оставка непосредно пред да биде разрешен. Вршител на должност е обвинителката Анита Тополова Исајловска, која се пријави и на огласот кој објави Собранието. Меѓу кандидатите со програма и биографија се пријави и Ристоска.


