Дали користењето креми за сончање од минатата година може да биде опасно?

unsplash

Доаѓаат посончеви денови, а со тоа доаѓа и потребата од кремите со заштетен фактор. Но, пред да посегнете по нив, проверете го датумот на пакувањето.

Иако можеби проверувањето датум на производи обично го поврзуваме со храна, тоа не значи дека не треба да се проверува рокот на употреба и на другите производи.

Неодамнешно истражување откри дека една од хемикалиите што се користи во некои марки на креми со заштитен фактор, со текот на времето може да стане канцерогена, што значи дека доколку поминал рокот на производот може да биде опасно за вашето здравје.

Истражувањето објавено во списанието „Chemical Research in Toxicology“ е спроведено од научници од САД и Франција. Тие ги анализирале популарните брендови на креми за сончање, вклучувајќи ги „Garnier“, „Bioderma“, „LaRoche-Posay“, „L’Оreal“, „Cooppertone“, „Banana Leaf“ и „Neutrogena“ купени во продавници во САД и Франција. Меѓу состојките, истражувачите пронашле и октокрилен.

profimedia
Profimedia

Со помош на вештачки процес на стареење, научниците откриле дека со текот на времето кремите можат да создадат друго соединение наречено бензофенон, што го зголемува ризикот од рак. Октокриленот апсорбира „УВ“ зрачење, поради што предизвикува загриженост за животната околина и е забранет на некои места во светот вклучувајќи ги Хаваите.

Колку подолго се чува производот, толку повеќе расте концентрацијата на хемикалиите. Така што истражувањата сугерираат дека е важно да се следат упатствата за употреба според одредениот датум на пакувањето.

unsplash

Бензофенонот сè уште е најчест предизвикувач на контактен дерматитис и може да предизвика уртикарија и анафилакса. Апсорбацијата на овие две хемикалии преку кожата претставува закана и за други болести на органите“, вели британскиот дерматолог Шарин Лофлин.

Бензофенонот е забранет за употреба како додаток во храна и козметика во САД. Внимателно читајте го составот на производите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот