
Дали „кинескиот аспирин“, кој чини помалку од еден цент може да биде ефикасен како оригиналот?
Во Кина расте незадоволството од генеричките лекови кои се доставуваат до болниците. Јавното незадоволство се разгорува поради загриженоста на лекарите, кои сметаат дека генеричките лекови што се користат во државните болници стануваат сè помалку ефикасни. Лекарите сметаат дека системот за набавка на лекови во земјата, кој поттикнува употреба на евтини генерички лекови наместо оригинални брендирани фармацевтски производи, резултирал со кратење на трошоците на сметка на безбедноста на пациентите. Во нивниот извештај се наведува дека различни луѓе едноставно реагираат различно на лекот и дека тврдењата за нивната неефикасност „најмногу произлегуваат од анегдоти и субјективни чувства на луѓето“, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Официјалниот одговор не ја намали загриженоста на јавноста за квалитетот на лековите во државните болници и аптеки, а овој проблем претставува голем предизвик за здравствениот систем на Кина, кој веќе е под огромен притисок поради брзото стареење на населението, објави Пословни дневник.
„Производителите кои добиваат тендери често поставуваат цени толку ниски што им е тешко да произведат квалитетни лекови со правилни состојки. Дебатата за употребата на генерички лекови започна во декември, кога властите објавија список со околу 200 компании на кои им биле доделени договори за продажба на лекови на кинески државни болници. Речиси сите беа домашни производители на генерички фармацевтски производи. Тензиите дополнително ескалираа во јануари кога, во видео интервју кое стана вирално, директорот на болничкиот оддел во Шангај ја изрази својата загриженост за системот за набавка на лекови. Џенг Минхуа ги наведе како проблеми „антибиотиците кои предизвикуваат алергии, крвниот притисок кој не се намалува, пациентите под анестезија кои не можат да спијат и лаксативи кои не делуваат“.
Неговите зборови веднаш одекнаа кај граѓаните, а минатиот месец имаа милионски прегледи на социјалните мрежи. Многу граѓани ги споделија своите лоши искуства со наводно неквалитетни лекови, но некои од најпопуларните беа избришани.