Дали црвената долна облека на Нова година навистина носи среќа? Многумина ја носат на дочекот, а се верува дека оваа боја привлекува пари

Фото: PickPik

Многумина од нас во Новата година влегуваат носејќи црвена долна облека, верувајќи дека тоа ќе ни донесе среќа, особено во љубовта.

Додека некои имаат одредени ритуали во пресрет на 1 јануари, други веруваат дека постојат симболи кои ќе ни донесат среќа. Еден од нив е дефинитивно црвената долна облека!

Фото: Fonwall ru

Овој обичај датира од средниот век, кога носењето црвена облека не било дозволено. Дали знаевте дека црвената боја се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештерството? Сепак, луѓето копнееле да носат гаќи во оваа боја, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа на љубовното поле во наредната година. Црвената облека е симбол на животот и животната енергија, па населението одлучило црвените крпи да ги крие под облеката.

Овој обичај потекнува од Шпанија, а денес во целиот свет се носи црвена долна облека во најлудата ноќ.

Меѓутоа, доколку сакате вистински успех во 2024 година, најдобро би било да облечете гаќи во жолта боја! Се верува дека жолтата долна облека ја носат ловците на кариера, односно оние кои сакаат уште повеќе пари отколку што имаат.

Фото: Castorly Stock / Pexels

Кои други народни верувања постојат? Ги има многу, но велат дека во Новата година не треба да влегуваме со долгови, бидејќи се верува дека тие ќе нè следат во текот на целата година.

Исто така, најдобро е првата честитка да ја добиете од личност од спротивниот пол, за среќа во љубовта. Ако сакате среќа во претстојната година, првиот гостин во куќата нека биде темнокос и висок маж кој носи подарок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот