Далас намерно не се пласирал во плеј-офот, потврди тренерот Џејсон Кид

Фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Далас Маверски иако со Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг во составот сепак остана без место во плеј-офот од НБА лигата.

Минатогодишниот финалист од Западната конференција изминатата ноќ изгуби од Чикаго и така остана без место во пле-офот. Меѓутоа тренерот на Далас изнесе шокантна информација, наводно тие намерно се откажале од играњето во разигрувањето.

„Деловните одлуки некогаш се тешки, но морате да ги донесете. Ние тука се трудиме да направиме шампионски тим и одлучено беше да одиме чекор назад. Оваа одлука дојде од моите шефови кои ги почитувам и на кои им верувам. Верувам дека Марк Кјубан и Ник Херисон можат да изградат тим кој ќе се бори за шампионската титула“, објасни тренерот Џејсон Кид.

Со тоа што Далас не игра во плеј-офот ќе има прилика да добие пик на драфотот кој е многу подбро рангиран од 10-тата позиција што ќе беше максимум ако играа во плеј-офот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот