Дадо Топиќ се прости од Слаѓана Милошевиќ: Не мислев дека ќе се разделиме толку брзо

Фото: Скриншот/Јутјуб

Српската пејачка Александра (Слаѓана) Милошевиќ почина минатата недела (26 март), а денеска беше погребана на гробиштата Лешче во Белград. Нејзината смрт го потресе целиот регион, а рок-дивата почина во Земунската болница каде ги помина последните 10 дена од животот додека беше на лекување.

Голем број роднини, пријатели и соработници дојдоа да ѝ оддадат последна почит, а меѓу нив беа и братот на покојната пејачка – Горан Милошевиќ, поранешниот пејач на музичката група „Генерација 5“.

Пејачот Дадо Топиќ, кој со неа ја испеа една од најубавите дуетски песни во регионот – „Принцеза“, со трогателен говор се прости од својата колешка и пријателка.

„Многу се дружевме, ти беше брат, другар… Не мислев дека ќе се разделиме толку брзо. Сепак, ние двајца си подаривме стихови и ги претворивме во една прекрасна песна, балада, која нè врза и ќе остане уште долго во срцата на сите оние кои не сакаа и сите оние кои ќе не сакаат во иднина. . Само еднаш на шега рече дека си го гледаш местото меѓу ѕвездите, мислам дека си бил во право. Беше уникатна, поразлична од сите други и толку нежна, мирна, искрена со сите што ги сакаше… Останувам овде, среќен што бев еден од нив“, изјави денеска Топиќ, а пренесоа српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот