Дачиќ со шокантен одговор до Подгорица: Грешка е што правевме држава со нив, ќе им дојде крајот и на Црногорците во Белград

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

„Србија е заинтересирана само за мир, никаква хегемонија над вас не не интересира, но дојде крајот и на вашата хегемонија во Белград“, порача Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ остро реагираше на наводите на црногорското министерство за надворешни работи дека „користејќи реторика на портпарол на Милошевиќ се меша во внатрешните работи на Црна Гора“, велејќи дека „бесрамно и неплодно е плашењето на црногорскиот народ со српски хегемонизам!“.

Тој наведе дека тоа не се негови збориви, туку на Мило Ѓукановиќ кој ги изговори во 1989 година кога доаѓаше на власт.

„Што се однесува до неговите обвинувања на моето, како што велат, воено минато. на Милошевиќ и братоубиствената војна во 90-тите, да ги потсетам ако заборавиле, пред да се појавам во високата политика тие и нивните водачи веќе беа кај Цавтат и Дубровник, тие на бранот на т.н. антибирократска револуција на Милошевиќ дојдоа на власт во Црна Гора говорејќи тогаш дека Милошевиќ е нешто најдобро што можело да ѝ се случи на Југославија и дека се горди што можат да бидат рамо до рамо со него во тие историски моменти, нивното Народно собрание изгласа дека дава полна поддршка на ЈНА, нивните водачи тогаш изјавија дека ќе ја добијат наметнатата војна со усташите кои вршат геноцид на српскиот народ и дека ќе ги променат границите со Хрватска, како и тоа дека походот на Дубровник е целисходен и дека секој поинаков став е предавнички, нивните водачи грмеа дека Косово мора да се брани со сите средства, како и дека се гордеат со црногорската државност и српското потекло“, изјави Дачиќ.

 

Дачиќ додаде дека „голема лага е дека Србија се меша во внатрешните работи на Црна Гора“ и дека нашата земја се залага за мир и стабилнсот на соседната држава. Сепак, Србија е загрижена за „положбата на српскиот народ и СПЦ во Црна Гора, што е наше легитимно право со сите меѓународни конвенции“.

„Да потсетам дека Срби во Црна Гора има повеќе од 28 отсто и дека повеќе од 70 отсто се православни христијано. Главно, тоа во случај на Србија е еден од условите и за влез во ЕУ, па така Хрватска, на пример, постојано го поставува тоа прашање , дури и ултимативно, положбата на Хрватите во Србија, кои ги има 0,8 отсто. Па бидејќи тоа не е мешање во внатрешните работи на Србија, а кога Србија ќе го постави прашањето за положбата на Србите во Црна Гора, тогаш, за тоа велат дека е брутално мешање“, рече Дачиќ и потсети дека Србија изрази загриженост за ситуацијата во Црна Гора настаната по усвојувањеот на законот за слобода на вероисповедта, кој е донесен спротивно на препораките на Венецијанската комисија, со најави за грабање на имотот на СПЦ и апсење на владиката Јоаникиј и другите свештеници.

„Сметаме дека само со дијалог отворените прашања можат да се решаваат, се друго може да предизвика првпат во историјата судири меѓу братскиот црногорски и српски народ. Исто така, ако им се сите граѓани рамноправни, како тоа, иако Срби има повеќе од 28 отсто нема речиси ниту еден Србин во органите на власта, за разлика од Србија каде во раководните структури се преполни со луѓе со потекло од Црна Гора. И на крајот, безобразно е Црна Гора да ја обвинува Србија за мешањет во внатрешните работи, а Црна Гора брутално се вмеша во внатрешните работи на Србија и го наруши нејзиниот територијален интегритет признавајќи го Косово, гласајќи во УНЕСКО Пеќката Патријаршија и Дечани да станат косовско културно наследство“, наведува шефот на српската сипломатија, прашувајќи се што на тоа би рекол кралот Никола кој во 1913 година на Цетиње рече дека храбрите војски на двете српски кралства со братска прегратка на Плевља, кај Сјеница и Ѓаковица, на целиот свет му објавија дека српството на југоисточен Балкан е ослободено.

Дачиќ потсетува дека тогаш во составот на Црна Гора влегоа и Пеќ, Ѓаковица, Исток и Дечани и заклучува:

„Им порачувам на црногорските власти, лесно ви е вам со мене, јас сум Србин од Јужна Србија и јас да се прашував никогаш со вас немаше да правам заедничка држава, но се прашуваше внукот на кралот Никола, роден на Цетиње, полуцрногорец, Александар Караѓореѓевиќ. Лесно ви е вам со мене, гледајте што ќе правите со својот народ, своите граѓани и својата црква. Србија е заинтересирана само за мир, никаква хегемонија над вас не не интересира, но дојде крајот и на вашата хегемонија во Белград“, порача Дачиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот