Фото: Промо

„Дац и Александар – Дамите бираат“: Музичко шоу на 6 и 7 март по повод Денот на жената

Милениците на женската публика, дуото Дац и Александар, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 Март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „Дац и Александар – Дамите бираат“.

МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, а гласовите, инструментите и срцата ќе се соединат во едно – за да се прослави љубовта кон жената.

Фото: Промо

Концертот ќе биде збогатен со голем оркестар од 15-тина луѓе на сцена, предводен од маестралните „Дрим Тим“, како и со специјални музички гости (музички доајени на естрадата) и пријатели на дуото.

Публиката ја очекуваат две волшебни вечери исполнети со елеганција, љубов и боемштина, а Дац и Александар со своите хитови и изборот од евергрини ќе ја исполнат салата со љубов, убавина и ноти што допираат директно до душата.

Фото: Промо

На оваа целовечерна прослава на љубовта по концертот во фоајето на МНТ присутните ќе уживаат и во гала коктел забава и дружење со Дац и Александар, заедно со диџеј Миле Ѓуриќ и Боби Јоргушевски.

Слоганот на овие концерти е „Дамите бираат, а мажите резервираат“ и тоа, како што велат Дац и Александар, „мажите да го направат навреме“. Од МНТ велат дека веќе има огромен интерес за билети по официјалното пуштање во продажба на 1 декември.

Фото: Промо

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот