Фото: EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Да се знае кој во која џамија проповеда: Австрија бара регистрација на сите имами во ЕУ

Австриската министерка за европски прашања, Каролина Едстадлер настојува за регистрација на имамите на територијата на Европската Унија (ЕУ).

– Во борбата против политичкиот ислам во ЕУ, по примерот на Австрија, треба да биде создаден европски регистар на имамите, истакна Едстадлер.

Според неа, повеќето од имамите патуваат без ограничувања во земјите на ЕУ, па затоа е важно властите да знаат кој во која џамија проповеда.

Таа нагласи дека „средствата од новиот буџет на ЕУ треба да се внимава да не стигнат до организации и здруженија кои наметнуваат исламистички и антисемитски ставови“.

– За таа цел ќе бидат потребни построги контроли на трошењето на буџетот на ЕУ. Треба да се воведе забрана за странско финансирање на џамии и муслимански здруженија, нешто што Австрија веќе го направи, истакна Едстадлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот