Да не беше тажно ќе беше смешно, многупати се запрашав на кого му пречиме со успехот – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Да не беше тажно ќе беше смешно, многупати се запрашав на кого му пречиме со успехот

Селекторот на одбојкарите, Никола Матијашевиќ, откри со какви проблеми се соочуваа за време на подготовките во Скопје.

Македонската одбојкарска репрезентација утре заминува од Скопје на последните два контролни натпревари пред историскиот настап на Европското првенство во Словенија. Двата натпревари против репрезентацијата на Австрија ќе бидат последни пред дуелот со Финска во првото коло на ЕП во Словенија.

Но, селекторот Никола Матијашевиќ пред заминувањето ја отвори душата и објасни со какви се проблеми се соочуваше репрезентацијата за време на подготовките. Тој откри дека одбојкарите во неколку наврати беа оставени буквално на улица, без термин за тренинг.

– Морам да кажам дека имавме одлични подготовки, со се потребно во Маврово, во вежбалница, во хотел, но не можам да го игнорирам за тоа што се случуваше во Скопје. Да не беше тажно ќе беше смешно. Многупати се запрашав на кого му пречиме со успехот, со нашите резултати, па не враќаа од салата. Не сум во тек со спортските и со политичките текови, но не е лесно една екипа, која претставува една земја да ја враќаат од тренинзи. Ние одиме во сала, а таму момчиња и девојчиња играат кошарка, па потоа да ни ја исклучуваат климатизацијата на 40 стеепени.

Тоа е многу несериозно и тажно. Простете што морав да бидам вака некоректен, но не смеам тоа да го игнорирам, иако имаше и многу убави работи. Дури бепе доведен во прашање и турнирот кој се одржа во Скопје. Сепак, верувам дека убавите настани ќе превладеат. Ние не бараме алиби – ја отвори душата селекторот Матијашевиќ.

Според планот на селекторот и на Одбојкарската федерација на Македонија, одгојкарите во Виена ќе останат до 8 септември, потоа два дена ќе работат во Марибор, за на 10 септември да заминат за Љубљана каде за прв пат ќе настапат на Европско првенство.

– Овие момци кои се тука веќе со години работат, а јас само им помогнав да се пласираме на едно ЕП и тие навистина одработија одлична работа. Во принцип, никогаш не сме задоволни,  не сме сигурни дали сме на 80 или на 90 проценти од нашите можности, повредите ни создаваа проблеми, но во последните неколку денови сме комплетни.

Против Шведска бевме просечни, но на турнирот „Чајка“ се покажа дека екипата полека се крева. Се надеваме дека со почетокот на ЕП ќе ја кренеме главата високо и ќе ја дриме високо и за време на премиерниот натпревар и по него. Мораме да ги искористиме сите шанси што ќе ни се укажат – изјави на прес конференцијата, селекторот Матијашевиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close