Да го бараме она што нè врзува, а не она што нè дели

И врапците знаат дека Северна Македонија е добра во односите со Грција, a ние типично, мора да направиме потрес барем кон другите. Кон кого? Удри на Бугарите. Ако, пак, Бугарите удрат на нас, ние ќе удриме на Бугарите. Мора да се удри на некој, живот без удирање живот не е, така размислува просечен патриот од која било балканска провинција.

Не треба да заборавиме дека национализмот е идеологија на десните национал-романтичарски елити и дека во изворно значење претставува облик што е далеку од народот. А популизмот е, барем на Балканот, стратегија со која се убедува народот дека неговото постење витално зависи од „идентитетот“. Од друга страна, важно е да се каже: посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет е неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации, и е дел од многу прифатени и признати модерни јазици кои се изучуваат на универзитетите во целиот свет.

Во „пркосната нота“ на Бугарија, односно „бугарскиот меморандум“, забележувам еден прикриен (или отворен?) револт од нашите соседи со кои потпишавме договор за доброседство и пријателство. Па, типично, повторно почна „кафанско дерење“ за тоа што е што: дали сме ние тоа што сме, дали јазикот е таков каков што е, дали Гоце Делчев е наш или нивни. Знаете што, тешка и мачна е „политиката на идентитети“ на овие балкански простори. Дури, би рекол, дека се работи за една политичка константа: не запираат ламентите над нивната судбината и ламентите над нивната заштита. Среде корона-криза, која сè уште трае, најголемите викачи и врескачи не ги напуштаат своите стражарски места, продолжуваат со набљудување на тоа што е она што нивниот „идентитет“ наводно го загрозува, а на тоа ја предупредуваат јавноста во својата земја.

Меѓутоа, откако животот во нашата држава почна неодлучно и постепено да се враќа во нормална состојба, повторно се намножија вести на нашите (пара)портали дека ни е загрозен и јазикот македонски. Сметаат „патриотите“ дека поради пандемијата нивото на омраза кон соседите ни е опаднат, па се трудат да ја напумпаат јавноста со нова количина омраза – како што тие мислат – загрозено ни било нашето витално и есенцијално национално чувство!?

Прочитајте и...  БАН не го уважува Меѓународниот славистички комитет

И врапците знаат дека Северна Македонија е добра во односите со Грција, a ние типично, мора да направиме потрес барем кон другите. Кон кого? Удри на Бугарите. Ако, пак, Бугарите удрат на нас, ние ќе удриме на Бугарите. Мора да се удри на некој, живот без удирање живот не е, така размислува просечен патриот од која било балканска провинција. Bellum omnium contra omnes / Војна против сите.

Имено, пристоен човек не треба да заборави дека денес во Северна Македонија политичкиот контекст е променет. На власт е „хуманистичка“ и граѓанска политичка класа, на чело со Заев која, убеден сум, нема да дозволи никакви кошкања и удирања под појас со нашите први соседи. „Толерантната левица“ на Заев не е слаба ако покажува пат на дијалог за сите важни и горливи прашања, туку сосема обратно. Таа својата снага и својата релевантност не ја црпи во својата сила, туку ја црпи во дијалогот и помирувањето. Тоа се многу важни цивилизациски вредности кои ги забележувам овде и сега. Таквата стратегија на подавање рака на помирување е најголемиот дострел на оваа држава во поновата нејзина историја. Таквите гестови не треба да се осуетат, туку, напротив, треба да се поттикнуваат и продлабочуваат.

Прочитајте и...  На што нѐ учи падот на грчката „Златна зора“?

А сега да се вратиме изворно на она што е темата на овој текст. Договорот со Бугарија создава правна рамка за унапредување на билатералните односи, право на самоопределување и самоидентификација кои се темели на европските вредности. Оттука, ако добро исчитувам, Заев јасно е посветен на негова имплементација. Притоа, има еден непобитен факт: ние со Република Бугарија сме сојузници во НАТО, имаме заеднички обврски и должност да ги подобруваме добрососедските односи, меѓусебната соработка и да градиме пријателство. Правото на самоопределување и самоидентификација се темелни европски вредности и цивилизациски придобивки.

Понатаму, посебноста на македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет е неспорен факт. Македонскиот јазик е составен дел од сечија лична карта на Северна Македонија во Обединетите Нации и е дел од многу прифатени и признати модерни јазици кои се изучуваат на универзитетите во целиот свет.

Во 21 век, во Европа, прифаќањето на трауматичното минато, но и на сегашноста се одраз на одговорна и зрела политика на пријателство, како одраз за понатамошен просперитет на нашите генерации. Сите оние тврдења и општи генерализации кои содржат навреди мора да се напуштат бидејќи нè водат во слепа уличка. Пријателството со своите соседи е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, зависи од нашето почитување и верување во европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство и пријателство, односно идејата на таквиот договор, е одраз на заемно почитување и пријателство кое, секако, подразбира и бара одговорност и учество во решавање на проблемите од двете страни.

Прочитајте и...  Ќе се интензивира комуникацијата со Софија за надминување на недоразбирањата

На крајот, ако такво нешто постои, се поставува прашањето: можеме ли наместо заемното мачење, негирање и порекнување, да се обидеме да живееме во мир, почитувајќи се едни со други да ги решаваме нашите проблеми? Јас мислам дека „последната влада“ на Заев е искрено и безрезервно спремна на дијалог и решавање на проблеми, било да се културни, историски и политички. Во академско-интелектуалните кругови, пак, мислат дека такво нешто е возможно, понудени се дури и некои решенија, сè со цел да се дојде до „соживот“, односно како да се подели заедничкото наследство и секој да отиде на своја страна.

А, ако пак мене ме прашате, наместо да се колнеме во таканареченото НИЕ, треба да работиме на тоа политичкото НИЕ да биде премало на политичкиот пазар, а за важните работи да одлучуваат одговорни политички елити кои ќе понудат перспектива, визија и иднина. Елијас Канети велеше: „на смртта треба да ѝ си одземе претераниот углед што го има“, а тоа важи и за денешното балканско НИЕ.

Доста беше од смртоносно страдање без кое, нели, не можеме да бидеме она што сме. Време е да се разбудиме и да не гледаме проблеми, туку да бараме решенија. Да го бараме она што нè врзува со Бугарите, а нè она што не дели.

Поврзани вести

Почина Амди Бајрам

Слободен печат

Загрижувачко предупредување од експертите: Поради коронавирусот ќе се намали бројот на браковите и популацијата

Слободен печат

БАН не го уважува Меѓународниот славистички комитет

Коста Пеев

Во Парагвај пронајдени тела во фаза на распаѓање кои пристигнале во контејнер од Србија (ВИДЕО)

Слободен печат

Јуриш кон сонцето преку Вичо и Грамос

Александар Литовски

Стојанов: Треба да се почитуваат мерките за да не се оптерети премногу здравствениот систем

МИА

Остави Коментар