ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, ДА СПАСИМЕ ЖИВОТ: Наш колега собира донации за лекувањето на неговиот татко!

Ве молиме донирајте, кој колку може, да му помогнеме на Ристо Донев да застане на нозе!

Почитувани читатели, родител на наш колега во моментов е во тешка здравствена состојба, откако пред десетина дена се зарази со ковид-19. 

Ристо Донев шест дена се лекуваше во штипската болница, но откако здравствената состојба значително му се влоши, требаше да биде хоспитализиран во Скопје. За жал, за Ристо не се обезбеди место во клиниките и единствено решение за семејстовото да го спаси, беше хоспитализација во некоја од македонските приватни клиники.

Ристо Донев има 54 години, а најверојатно се заразил на работното место

„За лекуваање на државно, пробавме секаде. Единствено место имаше во Козле, меѓутоа таму ми рекоа дека е за полесни пациенти и ништо не успеавме да направиме на државно и покренавме иницијатива за хоспитализирање во приватна клиника“, се зборовите на нашиот колега, истакнувајќи: „Не сакам никој да заплашувам дополнително и да пишувам вакви статуси ама вирусот ПОСТОИ и е многу, многу непредвидлив. Да не даде Господ да почувствате на своја кожа или на некој близок!“

Ристо Донев и неговата сопруга се текстилни работници, додека за лекување се потребни 15.000 евра, и тоа само за првите десет дена. Доколку Донев треба да се лекува подолго, сметката ќе расте. Семејството не може да го подмири овој долг, па затоа нашиот колега упати апел до сите хумани луѓе да помогнат во оваа тешка битка.

Кога државата не може, тогаш можат граѓаните, а доказ за тоа е фактот што мал дел од средствата кои се потребни за да се спаси животот на 54 годишниот Ристо Донев, веќе се обезбедени.

ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНАТА СМЕТКА:

за: Ристо Донев
назнака: За донација
жиро с-ка: 210 700000 659 445
банка: НЛБ Тутунска

ДОНИРАЈТЕ ПРЕКУ GOFUNDME:

Донирајте преку *GoFundMe на следниот линк:

https://www.gofundme.com/f/help-riste-donev-genezen-van-covid19?utm_medium=email&utm_source=product&utm_campaign=p_email%2B4803-donation-alert-v5&fbclid=IwAR3acOVSFfbpOioQDmXg_MwnTn7TWrXQqfH2KDepqp_CZhL5Z73Y6SbUj_0

*напомена: Многумина што сакаат да донираат се обратија да ни кажат дека обидот бил неуспешен. Ве замолуваме да и дадете неколку минути на платформата, или евентуално да се обидете повеќепати.

ДОНИРАЈТЕ ВО ПУНКТОВИТЕ ЗА ДОНАЦИИ ВО ШТИП:

Во родниот град на Ристо Донев веќе се отворени неколку пунктови за донации:

  • пункт кај МЕСАРА МИК (во населба Сењак)
  • пунктови во ПАКЕТ МАРКЕТИ (еден во маркетот во близина на Хамачи и еден во маркетот во близина на полициската станица
  • пункт во ЕЛКОС (трговски центар)
  • пункт во пиљара „ЦВЕТ“
  • во текот на денот ќе се отварат пунктови и во повеќе кафе-барови во центарот на градот

Ве молиме донирајте, кој колку може, да му помогнеме на Ристо Донев да застане на нозе! За поголема видливост на апелот, споделете со Вашите пријатели.

Ви благодариме однапред за вашата солидарност и хуманост!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот