Д-р Спасовска: Голем дел од луѓето болни од ковид не ни знаат дека имаат коморбитети

Доктор Катерина Спасовска / Фото: Принтскрин

 Нема параметри по кои ќе заклучиме дали состојбата кај некој ќе се влоши. Голем дел од луѓето со ковид не ни знаат дека имаат коморбитети, изјави Доктор Катерина Спасовска од Клиника за инфектологија во емисијата 24 анализа.

-На клиниката се примаат потешките форми и се осознава дека се работи за мултисистемско заболување кое потоа го напаѓа целиот организам. И најмалите ткива особено вталните органи остануваат без кислород и настанува нивно оштетување, вели доктор Спасовска.

Според неа предикција на пациент кај кој ситуацијата ќе се влоши особено со делта сојот не може да се направи.

-И со уредни наоди се случува да настапи влошување на состојбата на пациентот и тоа да заврши со смртен исход, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот