Д-р Софија Пејкова се повлече од советничката функција во Град Скопје

Д-р Софија Пејкова / фото: Слободен печат/Утрински брифинг

Директорката на Универзитетската клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, која ја предводеше советничката листа на СДСМ за Град Скопје на локалните избори, се повлекува од Советот на град Скопје поради професионални обврски, изјави таа за ТВ24.

– Се повлекувам од советот на Град Скопје поради зголемен професионален ангажман на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија и на Медицинскиот факултет во Скопје. – изјави Пејкова за ТВ24.

Таа додава дека веќе ја доставила оставката до Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот