Д-р Мемеди: Руја беше на возраст како мојата ќерка, нема да останам мирен додека не ги дознам причините за нејзината смрт
По смртта на 14-месечното бебе кое било вратено и не било хоспитализрано на Детската клиника, се огласи докотр Реџеп Мемеди.
По смртта на 14-месечното бебе кое било вратено и не било хоспитализрано на Детската клиника, се огласи докотр Реџеп Мемеди. Тој, на својот фејсбук профил напиша дека е доста со неодговорното однесување во здравството и ако има пропуст, мора да има и индивидуална одговорност.
„Како родител и доктор, загубата на малата Руја Сулиси за мене е голема трагедија! Руја беше на возраст нешто помала од мојата ќерка Дуа.
Нема зборови што може да дадат утеха на родителите, нема зборови што може да ја намалат болката бидејќи нема ништо пострашно од родител да изгуби дете. Сочуство за болката што ја поминуваат но и порака дека нема да останам мирен додека не ги дознаам причините за загубата на животот на малата Руја“, напиша Мемди.
Мемеди информираше дека соработуват со истражните органи.
„Од вчера соработуваме со истражните органи за да се дознаат сите факти. Јас пред се сум татко и имам емотивна обврска, а како доктор професионална и етичка да направам сé да не остане и овој случај како еден од многуте во минатото кои немаа завршница.
Во случај да се утврдат пропусти во лекување или професионална небрежност, ќе има индивидуална одговорност и санкции за секој здравствен работник- со име и презиме. Доста е од неодговорно однесување, посебно во делот на здравството!
Тука нема место за импровизации и префлање вина!Време е за одговорност!“, напиша Мемеди.
Таравари: Одбиена е хоспитализација на бебето кое вчера почина