Д-р Докиќ: Главен фактор е имуниот систем кај лицата кои се заразуваат

Директорот на пулмологија, д-р. Дејан Докиќ, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител, објави зошто кај нас имаме толку голема смртност поради тешки компликации со Ковид-19 и зошто вчерашниот ден беше најлош од почетокот на пандемијата, ако ги земеме во предвид починатите лица.

„Сите знаеме дека доминира мутираниот британски вид, кој е повеќе агресивен и тоа е фактор што се должи на самиот вирус. Тој на пример, кај пациентите што се заразени во поголема количина се наоѓа во секретот кога киваат во околината, а од друга страна потребна е помала количина да дојде кај здрав човек, за да го зарази. Значи тоа се особините, а некои од луѓето имаат поголема способност да го излажат имунолошкиот систем. Исто така фактор е и одбранбениот систем, кој е како една армија што се бори против надворешните непријатели кај секој организам. Како што некаде имате силни армии во земјите, во други држави имате слаби армии и исто е и со организмите. Возраста е исто така отежнувачки фактор, како и коморбидитетите. Овде сакам да потенцирам дека смртноста во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти и тука зборуваме за хоспитални установи. Во европски рамки тоа значи од 22 до 30%, што значи дека сме негде во средина во однос на другите земји. Сепак главен фактор е имуниот систем кај лицата кои се заразуваат“, изјави Докиќ.

Д-р Докиќ: Кај оние кои биле релативно добри, после две недели може да им се влоши состојбата со можна смрт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот