Д-р Беќаровски: Денес дознав дека скафандерот може да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина

Доктор Нико Беќаровски/ Фото: Архива на Слободен печат

Откако денеска во Собранието, пратеничка на владеачката СДСМ дојде да гласа на седница, облечена во скафандер, бидејќи е позитивна на ковид – 19, на Фејсбук се огласи докторот Нико Беќаровски.

„Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина.

Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина.

Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица“, напиша доктрот на својот профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот