Цветковска од Ретвитни оброк: Секој петок доаѓаат луѓе од различни фирми да готват со нас
-Ретвитни оброк е хумана акција која трае веќе пет години. Иако пораката е пренесена дека луѓето знаат за нас и знаат каде да не најдат, ме радува кога во текот на неделата, пред петочното готвење барем еден нов човек ќе ни пише дека сака да помогне, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Теодора Цветковска од Ретвитни оброк.
Препорачано
Таа за Скопски агол кажа дека се повеќе граѓани се заинтересирани да помогнат, без разлика дали е тоа со готвење или оставање намирници.
-Ние готвиме во непосредна близина на Универзална сала. Оние кои не можат да дојдат да готват или да остават намирници во просториите каде што готвиме, во било кој ден можат да остават продукти во ресторанот кој се наоѓа во близина градежниот факултет. Можат во секое време да не исконтактираат, рече Цветковска.
Интересна информација е дека секој петок доаѓаат луѓе од различни фирми и се приклучуваат кон оваа хумана акција.
-Скоро и да нема петок во кој немаме група на луѓе од некоја фирма кшто дошле и готват со нас. Да ни го кажеше ова некој пред пет години ќе ни беше чудно и ме радува тоа што пораката се шири и решаваат место во петок да одат во кафуле и таму да ги дадат парите, доаѓаат овде и помагаат, додаде Цветковска.


