Црвен картон за националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката

Џабир Дерала / Фото: СП. архива

Нема играње со спогодбите и меѓународните документи со кои се обезбедува мир, стабилност, владеење на правото и почитување на човековите права. Извршниот документ кој го потпиша Бајден зборува и за корупцијата која е широко распространета во регионот.

Џо Бајден им покажа црвен картон на националистите, воените хушкачи и криминалците во политиката во земјите на Западен Балкан. Тој оцени дека нивното дејствување против суштински важните постконфликтни договори носи дестабилизација за земјите во регионот. Тие се непожелни во САД, а според извршната наредба на американскиот претседател, нивниот имот во таа земја ќе биде замрзнат.

Овој црвен картон е исклучително сериозно предупредување за сите што сакаат со национализам, насилство и криминал да дојдат до власт или да ги дестабилизираат земјите за Западен Балкан.

Документите кои се наведуваат во извршната наредба на Бајден се Охридскиот рамковен договор (2001) и Преспанскиот договор (2018) во Северна Македонија, Дејтонскиот договор за БиХ, резолуцијата 1244 на ОН, заклучоците од Лондонската конференција во 1995 година, одлуките на Хашкиот трибунал и други важни меѓународни документи.

Нема играње со спогодбите и меѓународните документи со кои се обезбедува мир, стабилност, владеење на правото и почитување на човековите права. Извршниот документ кој го потпиша Бајден зборува и за корупцијата која е широко распространета во регионот.

Декретот од другата страна на Атлантикот, од најмоќната демократија во светот, треба да биде сигнал и поттик и за домашните институции, во прв ред правосудството, но и сите останати, да им застанат на патот на криминалците во политиката, националистите и воените хушкачи. Истовремено, ова е голем поттик и за сите граѓанки и граѓани, да им покажеме црвен картон на сите што сакаат војна наместо мир, неправди и насилство наместо човекови права, грабеж наместо чесен живот.

По толку пролеана крв, невидени ѕверства и безумие на Балканот, време е да им кажеме на сите „лудаци“ дека не се пожелни и дека треба да одговараат. И да го вратат имотот што и онака не го заработиле! За тоа што го преселиле во САД, веќе се погрижи американскиот претседател.

Лајк за Бајден!

Преземено од Цивил медиа

(Јазикот на кој се напишани како и ставовите изнесени во рубриката „Колумни“ не се ставови и одраз на уредувачката политика на „Слободен печат“)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот