Црногорскиот премиер до митрополитот Амфилохије: Ова е последно предупредување

На митрополитот му советувам да не поттикнува незадоволство и немири. Ова е последна опомена во таа смисла, бидејќи Црна Гора и државните институции нема да дозволат предизвикување немири, напади врз државни службеници, полиција, загрозување на имотот и ограничување на правата на другите граѓани, нагласи црногорскиот премиер.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ го предупреди денеска митрополитот Амфилохије да не поттикнува немири во Црна Гора.

– Ова е последно предупредување до митрополитот Амфилохије да не поттикнува немири, истакна Марковиќ.

Тој денеска изјави дека е необјасниво властите во Србија да не го осудат обидот за палење на црногорското знаме во Белград пред амбасадата на Црна Гора за време на протестите на група незадоволни граѓани поради усвојувањето на Законот за салобода на вероисповед.

– Уште почудно е што министрите во Владата на Србија и некои нивни програмирани аналитичари неконтролирано ја навредуваат Црна Гора и нејзините институции, нагласи Марковиќ на прес-конференција во Подгорица.

Марковиќ го повика митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохије да не поттикнува немири и незадоволство.

Прочитајте и...  Во Парагвај пронајдени тела во фаза на распаѓање кои пристигнале во контејнер од Србија (ВИДЕО)

– На митрополитот му советувам да не поттикнува незадоволство и немири. Ова е последна опомена во таа смисла, бидејќи Црна Гора и државните институции нема да дозволат предизвикување немири, напади врз државни службеници, полиција, загрозување на имотот и ограничување на правата на другите граѓани, нагласи црногорскиот премиер.

Тој побара од свештенството на СПЦ да се „врати во црквите и храмовите, да ги повика своите верници да им служат и да престојуваат во храмовите и да не ги повикуваат на давање отпор кон власта поради Законот за слобода на вероисповед”.

Од друга страна, митрополитот Амфилохије вечерва му одговори на црногорскиот премиер дека „Црквата не поттикнува на протести, особено не насилни, ниту на судир со полицијата”.

Прочитајте и...  Трамп: Израел и Судан ги нормализираат односите

– Тоа не значи дека верниците не треба да се слободни да го искажат своето противење кон беззаконието и лошата намера кон нашата Црква со усвојувањето на овој Закон, но и храбро, јасно и одлучно да го изразат своето незадоволство во јавноста, порача митрополитот.

 

Поврзани вести

Брисел со продолжен полицискиот час, маските станаа задолжителни

Слободен печат

Двајца починати и 166 новозаразени од ковид-19 на Косово

Слободен печат

Две жени од Виница и Берово починаа на штипското Инфективно одделение

МИА Агенција

ВМРО-ДПМНЕ испрати телеграма со сочувство до семејството на Амди Бајрам

Слободен печат

Конференција за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина

Слободен печат

Шпански региони бараат Владата да воведе вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар